Родри: Мечот со Арсенал, и секој нареден, за нас е како финале!

Во пресрет на утрешното големо дерби со Арсенал, еден од најдобрите играчи на Манчестер сити, Родри, вели дека сите во тимот се наострени кон освојување на сите трофеи сезонава.

Првите три екипи ги дели еден бод по 28. кола, со тоа што Арсенал и Ливерпул имаат по 64, а Манчестер сити на третото место, 63 бода.

– Не велам дека тоа ќе биде одлучувачки меч за титулата, но ќе биде многу важно за нашата самодоверба и да покажеме дека сме подготвени. Не само што овој натпревар е како финале, туку се` отсега па до крајот на сезоната за нас е финале.

Се’ уште се бориме за три трофеи, но секој натпревар што ќе го загубиме може да не оддалечи од трката за титулата. Навистина, ова е нивото кое оваа Лига. Потребно е да се освојат 90 до 100 бода за да се триумфира. Значи, мора да се победува речиси на секој натпревар до крајот, вели Родри.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО