Фудбалерот од средниот ред на Шкотска, Ендру Робертсон, ја објасни причината за тешкиот пораз од Германија со 5:1 на отворањето на Европското првенство.
-Не направивме доволно притисок на топката и на Тони Крос кој можеше слободно да игра. Тој е веројатно најдобар во светот кога се гледаат додавања. Кога на таков играч му дозволувате да ја има топката и не му се доближувате, за жал тој ќе ги направи вистинските додавања – изјави Робертсон, цитиран од официјалниот сајт на УЕФА. Шкотска во наредното коло на 19 јуни ќе игра со селекцијата на Швајцарија.