Роберто Баџо, еден од најдобрите фудбалери на „азурите“ во историјата, бил ограбен и претепан од насилници кои упаднале во неговата вила за време на натпреварот Италија – Шпанија на Европското првенство (ЕП) во Германија, пренесуваат италијанските медиуми.
Полицијата соопшти дека во домот на Баџо упаднале петмина маскирани и вооружени провалници. Поранешната „десетка“ на Италија не седел со скрстени раце, се обидел да се пресмета со нив, но тие го совладале, а потоа го затвориле во плакар со членовите на семејството. Потоа му украле часовници, накит и други вредни предмети
Полицијата успеала да реагира дури кога Баџо некако се ослободил, излегол од плакарот и ги повикал. Потоа бил префрлен во болница на лекување и на шиеење.
Баџо во кариерата настапуваше за Виченца, Фиорентина, Јувентус, Милан, Болоња, Интер и Бреша, како и за Италија, од 1988 до 2004 година. Како играч на Јувентус ја освои „Златната топка“ во 1993 година. Сега на 40 години избегнува да игра фудбал со другарите и ретко присуствува на хуманитарни натпревари.
– Не игра откако се пензионираше. Дури и кога игра со нас рекреативно, по вториот дриблинг се откажува, бидејќи има силни болки и се плаши повторно да не се повреди.
Не знам што би дала за да го видам на теренот уште 90 минути. Ми недостига возбудата да го гледам како трча кон голот, дрибла, успорува и потоа… гол! Таа радост, врескавме како луди , изјави неговата ќерка Валентина во едно претходно интервју.