Тoa што се најавуваше минатиот период се реализираше денеска. Луѓето од Алпин ја прекинаа соработката со оперативниот директор на тимот, Роб Вајт.
Тој се активираше во Рено во 2004 година и двапати и се израдува на шампионската титула во Формула 1 (Ф1). Подоцна беше прекомандуван на други работни позиции, а од 2016 година стана оперативен директор.
Алпин во објавата до медиумите, потенцира дека со отказот на Вајт почнува голема реконструкција во екипата.