Ристовски: Им честитам на моите соиграчи. Навистина сум горд!

Динамо загуби со 0:3 од Борусија Дортмунд на Максимир, во Загреб, во петтото коло од Лигата на шампиони (ЛШ). Актуелниот европски вицешампион лесно се справи со хрватскиот шампион и поведе кон крајот на првото полувреме со голот на Џејми Гитенс, а победата во вториот дел ја потврдија Рами Бенсебаини и Серху Гираси.

– Се боревме до крај. Како што кажав пред натпреварот, игравме против сериозна екипа која играше во финалето минатата сезона. Со оглед на бројот на повреди што ги имаме, би сакал да им честитам на моите соиграчимомци, навистина сум горд, изјави Стефан Ристовски, дефанзивецот на Динамо, а потоа додаде:

„Без разлика на поразот, покажавме добро лице. Голот на крајот од првото полувреме малку не исфрли од рамнотежа, но на крајот на денот мора да го заборавиме ова што е можно побрзо и да се подготвиме за дерби мечот со Хајдук во недела“.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ






НАЈНОВО