Динамо го победи Осиек на гости со 2:1 во натпревар од второто коло на СуперСпорт лигата на Хрватака. Домашните поведоа со голот на Педро Лима, а гостите израмнија со голот на Арбер Хоџа.
Херој на мечот беше македонскиот интернационалец и поранешен капитен на репрезентацијата, Стефан Ристовски, кој го даде победоносниот гол во 95. минута.
– Среќен сум, горд сум затоа што конечно го постигнав тој гол. Среќен сум, пред се’, поради победата на овој исклучително тежок терен. Мило ми е што верувавме до самиот крај. Го имаме тој победнички менталитет и само така треба да продолжиме, рече Ристовски.
На крајот од интервјуто за МаксСпорт, новинарот Ангелко Кецман, му постави прилично бенигно прашање на Ристовски, кое на дефанзивецот на Динамо многу не му се допадна.
„Ајде малку да се пошегуваме. По голот Пјер-Габриел останува на левото крило, десното е зацементирано? праша Кецман, коментирајќи го тоа што Пјер-Габриел, иако е десен бек игра лево, бидејќи таму Динамо се уште нема јасно решение, а Ристовски е десно крило.
– Па, што знам, вие во весниците најдобро знаете, вие знаете се’ за мојот трансфер, подобро од мене, мене ништо не ме прашувате, одговори кратко Ристовски и си замина со краток поздрав.
Не е јасно што точно го испровоцира Ристовски, но поради споменувањето на трансферот, се чини дека на играчот на Динамо му пречела неодамнешната приказна за негов можен трансфер во Црвена звезда, што брзо беше демантирано.