Казахстанската тенисерка Елена Рибакина го освои трофејот на ВТА турнирот во Штутгарт, откако во финалето ја победи Каролина Мухова од Чешка со 2-0 во сетови, 7-5 и 6-1.
Рибакина ја заврши работата за само еден час и осумнаесет минути, не препуштајќи ѝ на ривалката никакви шанси за изненадување.
Турнирот во Штутгарт се играше за награден фонд од еден милион евра. Рибакина е втора на ВТА листата, додека Мухова се наоѓа единаесет позиции подолу.