Ракометната федерација на Македонија ја информираше јавноста дека, со цел обезбедување на највисоко ниво на транспарентност, еднакви услови за натпреварување и непречена организација на бараж натпреварите за пласман во Суперлигата, донесена е одлука за промена на местото на одигрување на бараж натпреварот во машка конкуренција.
Бараж натпреварот во женска конкуренција помеѓу екипите на ЖРК Пелистер 2012 и МРК Ѓорче Петров 2 ќе се одигра согласно претходно утврдениот распоред на 03.06.2026 година во спортската сала „25 Мај“ во Радовиш, со почеток во 17:30 часот.
Бараж натпреварот во машка конкуренција помеѓу Струга и Младост 1977 наместо во Радовиш, ќе се одигра на 03.06.2026 година во спортската сала „Антон Димитров“ – Бутел, Скопје, со почеток во 19:00 часот.