Данскиот велосипедист Јонас Вингегор е победник на годинашното издание на Џиро д’Италија, откако успешно ја приведе кон крај тринеделната трка со последната, 21. етапа низ Рим.
Возачот на Висма-Лиз а Бајк ја освои престижната трка со вкупно време од 83 часа, 22 минути и 51 секунда.
Вингегор до конечниот триумф стигна со убедлива предност од 5 минути и 22 секунди во однос на второпласираниот Феликс Гал од тимот Декатлон АГ2Р Ла Мондјал.
Третото место во генералниот пласман му припадна на Австралиецот Џеј Хиндли, член на Ред Бул-Бора-Хансгрое. Во последната етапа низ улиците на Рим најбрз беше италијанскиот велосипедист Џонатан Милан од тимот Лидл-Трек, кој ја круниса одличната трка со етапна победа.