РФМ ќе ги награди сениорските селекции ако се пласираат на СП и ЕП

Ракометната федерација на Македонија (РФМ) ги одреди паричните награди за македонската машка и женска сениорска ракометна репрезентација за пласман на следните големи натпреварувања.

Ракометарите ќе поделат парична награда од два милиони денари нето износ за пласман на Светското првенство 2025 во Хрватска, Данска и Норвешка.

Македонија во баражот за пласман на Мундијалот, на 8 и 12 април ќе игра против Фарските Острови.
Истата сума ќе ја поделат и ракометарките доколку се пласираат на Европското првенство 2024 во Австрија, Унгарија и Швајцарија.

Ракометарките се на добар пат по подолго време да изборат пласман на едно големо натпреварување.За да се пласираат на ЕП, наредниот месец ќе треба да ги победат Азербејџан и Литванија.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО