Муратоглу: Елеганцијата на Федерер ја нема никој, но нема дилема околу тоа кој е најдобар

Познатиот тениски тенисер Патрик Муратоглу, истакна дека за него воопшто не постои дилема кој е најдобар тенисер на сите времиња.

Муратоглу е познат по соработката со Серена Вилијамс, неодамна беше и член од стручниот штаб на Холгер Руне, но и Симоне Халпе, додека низ неговата академија минуваа и бројки врвни тенисери и тенисерки.

– Несомнено е дека нема рамен на елеганцијата која ја имаше Роже Федерер. Но исто така нема ни дискусија околу тоа кој е најдобар на сите времиња (мисли на Новак Ѓоковиќ).

Муратоглу неколкупати досега зборуваше низ разни интервјуа дека српскиот тенисер е најтрофеен а со тоа и најдобар на сите времиња, а тоа сега повторно го подвлече.

Сега следува првиот гренд слем во новата година, Австралија Опен, каде големите имиња ќе имаат повторно шанса за освојување на голем трофеј.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО