Ред Бул и Серхио Перез не постигнаа договор за продолжување на соработката. Како што јави „Фокс спортс“, Ред Бул е согласен да го задржи Серхио Перез и во следната сезона, но двете страни не успеале да се договорат за должината на соработката.
Шампионскиот тим му понудил едногодишен договор на возачот, чиј договор истекува на крајот од 2024-та. Но популарниот Чеко ја одбил понудата барајќи двегодишен договор, за 2025 и 2026 година, но наводно, Ред Бул тоа го одбил. Останува нејасно дали ќе има нова рунда на преговори во иднина.