Победата на Верстапен во Џеда му овозможи на Ред Бул да се искачи на 4. место на листата на тимови со најмногу победи во историјата на Формула 1.
Макс Верстапен победи на трката за Големата награда на Саудиска Арабија и му ја донесе на Ред Бул 115-та победа во историјата. Тимот го зазеде четвртото место симнувајќи го од таму Вилијамс.
Пред Ред Бул се Ферари (243 победи), Мекларен (183) и Мерцедес (125). Доколку актуелните носители на титулата кај конструкторите продолжат да победуваат, тие ќе го минат Мерцедес веќе на Големата награда на Британија на почетокот на јули.