Екипата на Реал Мадрид реши да го пополни ростерот за завршницата од сезоната.
„Кралскиот клуб“ е во завршни преговори за ангажман на турскиот центар Омер Јурчевен до крајот на сезоната, објави „Баскет њуз“.
Мадридскиот гигант бара итно засилување под кошевите по проблемите со ростерот, откако остана без Еди Таварес и Алекс Лен, па во моментов Усман Гаруба е единствениот класичен центар во тимот.
Според информациите, Јурчевен ќе може да настапува само во плејофот од АЦБ-лигата, бидејќи рокот за регистрација во Евролигата веќе е истечен.
Турскиот репрезентативец ја почна сезоната во Панатинаикос, а потоа ја продолжи кариерата во Голден стејт и во неговиот тим во Џи-лигата.
Реал веќе го обезбеди првото место во шпанската АЦБ-лига, а паралелно се подготвува и за полуфиналето на Евролигата против Валенсија.