Реал сака да го донесе синот на својата легенда – ќе ги чини 15 милиони евра

Низа шпански медиуми пренесуваат дека Реал Мадрид е заинтересиран за 20-годишниот играч за врска на Аргентинос Јуниорс, Федерико Редондо, син на Фернандо Редондо, легендарниот аргентински играч за врска кој во текот на својата голема кариера остави најдлабока трага во Реал.

Цената на младиот играч за врска кој може да ги покрие позициите шест и осум е околу 15 милиони евра, но кралскиот клуб не е единствениот заинтересиран за неговите услуги. Во своите редови би сакале да го видат градските ривали на Реал, Атлетико, како и англиските гиганти Ливерпул и Манчестер Јунајтед.

Се уште не е познато дали трансферот на помладиот Редондо ќе се случи во зима или во лето, но се поизвесно е дека младиот Аргентинец ги минува последните месеци во својата татковина. Да потсетиме, неговиот татко Фернандо исто така започна во Аргентинос Јуниорс, од каде замина во Тенерифе, а подоцна настапуваше за Реал Мадрид и Милан каде освои вкупно три ЛШ.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО