Фудбалерите на Реал Мадрид остварија победа на гостувањето кај Лас Палмас во 22. коло од Премиер лигата. По негативата успеаја да направат пресврт и да слават победа од 2:1.
Првата шанса на натпреварот ја имаа гостите. Родриго упати одлично додавање, но Алваро Валес го блокираше неговиот обид. Потоа до 32. минута немаше посериозни шанси, кога домашните побараа пенал откако беше соборен Кардона.
Судијата не се огласи, а тоа предизвика бура од протести кај домашните фудбалери, но одлуката не беше сменета.Само две минути подоцна Кардона упати удар, но тој ја погоди пречка и гостите во тие моменти имаа голема среќа.
Две минути по пречката, имаше шанса за Винисиус Жуниор, кој излезе сам пред Валес, но голманот на Лас Палмас го одбрани неговиот удар.
На отворањето на вториот дел шутира Ел Хадади, но Лунин го запира неговиот удар.
Хавиер Муњоз ги доведе домашните во водство во 53. минута по одличната асистенција на Сандро Рамирез.Реал не се предаде, а во 65. минута го израмни резултатот. Стрелец на голот беше Винисиус Јуниор.
Голот за пресврт на Реал Мадрид го постигна Чоамени кој највисоко скокна по центаршутот на Тони Крос. До крајот на натпреварот резултатот не се менуваше и гостите забележаа нова важна победа.