Реал Мадрид не е приоритет: позната вистинската желба на Клоп

Германскиот тренер Јирген Клоп и понатаму е едно од најбараните имиња во светот на фудбалот, а неодамна повторно се појавија шпекулации поврзани со можен ангажман во Реал Мадрид.

Сепак, според информациите од медиумите, Реал Мадрид не е главната желба на Клоп во овој момент. Иако интересот од големи клубови секогаш постои, германскиот стратег има поинакви планови за иднината.

Се наведува дека неговата најголема амбиција е еден ден да ја преземе клупата на Германската фудбалска репрезентација. Тоа би било логичен чекор во неговата кариера, со оглед на искуството и угледот што го изгради во европскиот фудбал.

Во моментов селектор на Германија е Јулиан Налгесман, па таков развој на настаните не се очекува наскоро. До тогаш, Клоп внимателно ќе ги разгледува понудите и следните чекори во кариерата.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ

НАЈНОВО