Реал Мадрид ја извести Француската фудбалска федерација дека нема да дозволи Мбапе да оди на Олимпијадата

Реал Мадрид ги реши сите потребни прашања со напаѓачот Килијан Мбапе, кој моментално настапува за ПСЖ, за двете страни да потпишат договор и играчот на лето да премине во Кралскиот клуб. Еден од условите на Реал Мадрид е неучеството на францускиот фудбалер на претстојните Олимписки игри кои ќе се одржат во Париз (26 јули – 11 август), објави „АС“.

Според изворот, Реал Мадрид веќе ја контактирал Француската фудбалска федерација и ја известил дека нема да дозволи 25-годишниот напаѓач да учествува на Олимписките игри. Дополнително, Реал Мадрид нема да им дозволи на сите француски играчи во нивниот тим да одат на Олимпијадата.

Според планот на раководството на Реал Мадрид, Мбапе би требало да замине на одмор по Европското првенство кое завршува на 14 јули, за да се одмори пред турнејата на клубот во САД, која ќе започне на крајот на јули.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ






НАЈНОВО