Познатиот кошаркарски стручнак и менаџер, Мишко Ражнатовиќ, зборувајки за странските медиуми, се обиде да ги спореди кариерите на покојниот Дражен Петровиќ и Никола Јокиќ.
Постои многу полемика околу тоа дали Јокиќ навистина би бил така предоминантен од Петровиќ доколку играеа во иста ера, па на тоа прашање, свој суд даде Ражнатовиќ.
– Дражен е мојот идол од деството, поради него го користев бројот 4, дури и е дел од мојата мејк адреса и името на социјалните мрежи. Но сепак, Никола е трикратен МВП освојувач во НБА првенството и само четири играчи во историјата на кошарката имаат такви награди, па околу тоа не е тешко да одлучам кој го сметам за најдобар европски кошаркар на сите времиња, иако е тешко да се споредат овие двајца играчи, бидејки не се дел од иста ера, истакна Мишко Ражнатовиќ.
Секогаш постоел проблем на споредување на две ери или на двајца спортисти од ист спорт во различни ери, но Ражнатовиќ смета дека Никола Јокиќ е далеку подобар кошаркар од Петровиќ.