Поранешниот напаѓач на Реал Мадрид и на шпанската репрезентација, Раул Гонзалес би можел во иднина да го предводи бундеслигашот, Баер Леверкузен, објави „Спорт Билд“.
Според Билд, раководството на Баер, составило скратен список на кандидати кои се најпогодни да го заменат Алонсо. На врвот на таа листа е Раул кој моментално го предводи вториот тим на Реал Мадрид, Кастилја,
Раул би дошол ма местото на сонародникот, Чаби Алонсо, кој најверојатно на крајот од сезонава ќе се пресели во еден од водечките европски клубови. Но постојат некакви шанси Алонсо сепак да остане во Баер уште една сезона и покрај интересирањето од гигантите како Баерн Минхен и Ливерпул.
Во моментов Баер Леверкузен, по 24 кола, се наоѓа на првата позиција во Бундеслигата со 64 бода, 10 повеќе од најблискиот ривал, Баерн.