Ралф Шумахер предвидува: На Ред Бул им следува катастрофа, (веројатно) ќе ги напушти и Макс!

Ралф Шумахер смета дека со заминувањето на Адријан Њуи, кои беше најавено деновиве, ќе се случат многу промени на полошо кон австриската екипа.

Големи се шансите Њуи од идната сезона да заврши во таборот на Ферари, каде би можел да соработува со Луис Хамилтон, а некогашниот Ф1 ас и брат на славниот Михаел Шумахер, Ралф, смета дека на Ред Бул може да им претстои катастрофа.

– Факт е дека многу работи ќе се сменат во Ред Бул, по Адријан Њуи, уште луѓе ќе заминат од Ред Бул. Тоа е јавна тајна и ќе се продлабочува проблемот. На крајот, можно е да ги напушти и Макс Верстапен, предвидува Ралф Шумахер.

Во Ред Бул изминатиот период имаше доста турбуленции, кои произлегоа од аферата на Кристијан Хорнер, па следуваа одредени несогласувања со Хелмут Марко и Адријан Њуи, па на крајот можат да се случат коренити промени од идната сезона.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ






НАЈНОВО