Алонсо: Ова е исклучителна серија, не сакам да застанеме тука

Предводникот на Баер Леверкузен, Чаби Алонсо, ги оцени шансите на тимот да ја освои тројната круна сезонава по победата во првиот полуфинален натпревар со Рома (2:0) во Лига Европа. Баер Леверкузен ја продолжи серијата и нема пораз на 47 натпревари по ред.

-Ова е исклучителна серија. Би оддал заслуга за неверојатниот менталитет на тимот, постојаниот фокус што го одржуваат сите играчи. Но, не сакаме да застанеме тука, треба да го задржиме нашиот дух до крајот на сезоната. Веќе сме блиску до крајот, рече Алонсо за „Скај спорт Германија“.

Следниот натпревар Баер Леверкузен ќе го одигра во 32. коло во Бундеслигата на гости кај Ајнтрахт Франкфурт. Натпреварот ќе се одигра на 5 мај, на стадионот „Дојче Банк Парк“ во 17.30 часот.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО