Селекторот на австриската репрезентација, Ралф Рангник зборуваше за исходот од осминафиналниот меч на ЕП со репрезентацијата на Турција.
– Не ми се верува дека си одиме дома. Мислевме дека ќе продолжиме по нашиот пат. Четирите натпревари што ги одигравме беа многу интересни, вклучувајќи го и последниов со Турција.
Не се одвиваше сè лесно, но ова беа четири многу забавни и интензивни натпревари. Сега треба да го однесеме најдобро одовде во Лигата на нации, а потоа во квалификацискиот циклус за Светското првенство, изјави Рангник за официјалната интернет страница на УЕФА.