Србија го назначи тренерот на Војводина Борис Ројевиќ за нов предводник на националниот состав. Во соопштението се наведува дека Управниот одбор на српската ракометна федерација му дал едногласна доверба на Ројевиќ, кој претходно ја предводеше јуниорската селекција на Србија.
-Помеѓу двајца кандидати, Управниот одбор му веруваше на Ројевиќ! Експерт кој трипати беше прогласуван за најдобар тренер во Србија, а по освојувањето на Еврокупот со Војводина минатата година, беше прогласен и за најуспешен на Балканот, кој меѓу сите други квалитети и референци, го направија како најсериозен кандидат, изјави претседателката на УО на РФС, Милена Делиќ.