Македонија замина за Торшавн, утре игра со Фарски Острови

Македонската ракометна експедиција со чартер лет замина за Фарски Острови каде утре ќе го одигра првиот натпревар од бараж двомечот со оваа селекција.

Селекторот Кирил Лазаров, со сите ракометари кои ги имаше на располагање овие денови отпатува за Торшавн на пресметката со домашната селекција. Лазаров се реши да не го крати списокот и да патува со сите 21 ракометар кои беа на тренинзите, а пет од нив ќе отпаднат на денот на натпреварот.

Голмани: Никола Митревски (капитен), Мартин Томовски и Марко Кизиќ
Леви крила: Цветан Кузмановски и Петар Атанасијевиќ
Десно крила: Никола Костески
Десни бекови: Томислав Јагуриновски, Мартин Велковски и Мартин Серафимов
Средни бекови: Мартин Карапалевски, Марко Митев, Дамјан Митев и Иван Џонов
Леви бекови: Филип Талески и Филип Кузмановски
Кружни напаѓачи: Жарко Пешевски, Милан Лазаревски, Марко Стојковиќ и Валентин Карасманакис
Дефанзивци: Никола Марковски и Михаил Аларов

Средбата меѓу Фарски Острови и Македонија во Торшавн ќе се игра на 8 мај (среда) со почеток од 20:00 часот,а ќе ја судат Германките Мајке Мерц и Тања Кутлер.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ






НАЈНОВО