Ракометарите на Вардар продолжуваат со победите во Супер лигата

Лидерот на табелата во ракометната Супер лига Вардар со победа ги продолжи натпреварите од вториот дел од сезоната откако вечерва го совладаа МРК Куманово 30:20.

Гостите единственото водство го имаа на почетокот на дуелот кога поведоа со 1:0, а „црвено-црните“ постојано го зголемуваа водството кое на полувреме изнесуваше 13:6. До крајот на дуелот Вардар ја зголемуваше предноста за убедливи +10 на крајот на натпреварот. Најефикасен на дуелот беше Јака Малус со 8 голови без промашување.

На вчера одиграниот дуел Охрид – Прилеп 28:17, другите четири натпревари од 19.коло се играат утре.

Вардар е лидер со 36 бодови, пред Охрид со 31 бод, Еурофарм Пелистер има 30, а Алкалоид 29.

Фото: Фејсбук РК Вардар 1961

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ


НАЈНОВО