Не е изненадување што Алкараз го откажа настапот во Ротердам

Директорот на турнирот во Ротердам Ричард Краијчек даде објаснување за недоаѓањето на Карлос Алкараз на турнирот.

– Не е изненадување што Алкараз, го откажа учеството. Кога видов дека има грчеви на мечот со Зверев, се загрижив за неговиот настап. Знаев дека ќе биде тешко, а неговиот агент ми пиша во понеделник наутро. Но, тоа не беше изненадување, го очекував, изјави Краијчек.

Алкараз беше победник на ланското издание на турнирот во Ротердам и требаше да ја брани титулата, но по Австралија опен се реши да земе одмор.

Алкараз треба да настапува на турнирот во Доха од 16 до 21.февруари.

Фото: ЕПА

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ

НАЈНОВО