Пукна во Хајдук: Перишиќ си заминува по недоразбирањата со Гатузо

Иван Перишиќ го напушта Хајдук! Клубот се огласи околу ситуацијата со Перишиќ кој беше суспендиран поради недисциплина. Тренерот Џенаро Гатузо потоа откри и дека хрватскиот репрезентативец пред 20-на дена му кажал дека сака да го напушти клубот.

Во вторникот наутро на Пољуд се одржала средба со Иван Перишиќ, а спортскиот директор, Никола Калиниќ ги пренесе заклучоците.

– Жалиме што се создаде атмосфера која крајно негативно се одрази врз клубот,  посебно врз Иван и неговото семејство, кои незаслужено доживеа многубројни непријатности.

Во последните неколку дена имаше несогласувања кои резултираа со пријателски договор, а двете страни заклучија дека соработката нема да продолжи. Во наредните денови ќе донесеме одлука дали разделбата ќе биде во форма на трансфер или меѓусебен раскин на договорот, се вели, меѓу другото, во соопштението на Хајдук.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО