Додека навивачите на ПСЖ се надеваат дека управата на овој клуб некако ќе го убеди Мбапе да го продолжи договорот, одеднаш се појави вест дека доведуваат големо засилување.
Како што пренесуваат англиските медиуми, челниците на ПСЖ сакаат да го доведат бразилски играч за врска од Њукасл, а тоа е Бруно Гимараеш.
Неговото доведување нема да биде лесна задача за супербогатиот тим од Франција бидејќи е еден од најдобрите играчи на Њукасл.
Доколку сакаат да го доведат, ПСЖ ќе мора да ја активира неговата откупна клаузула која изнесува 115 милиони евра.
Друг проблем кој може да биде проблем за ПСЖ е ривалството меѓу сопствениците, поточно меѓу Катар и Саудиска Арабија.