Прво зимско засилување во Вардар: Србин кој доаѓа од Грузија

По низата заминувања од таборот на Вардар, од клубот вечерва информираа за првото официјално засилување

-25 годишниот српски дефанзивец Дејан Ѓуриќ е прво засилување за ФК Вардар во зимскиот преоден рок.

Доаѓа од грузиската екипа Мерами, а во досегашниот тек на неговата кариера има настапувано за екипите на Раднички Сремска Митровица, Пролетер Нови Сад, ОФК Жарково и во нашата лига во екипата на Работнички каде има забележано 22 настапи во ПМФЛ. Добредојде во црвено црното семејство Дејан!, објавија од таборот на „црвено-црните“.

Во следните денови како нови засилувања треба да бидат промовирани Стојков, Алтимпармаковски и Аргентинецот Нахуел Франко.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ






НАЈНОВО