Алкараз: Надал ми е идол од детството, но сега е моето време за трофеи!

Карлос Алкараз имаше успешна последна проверка пред почетокот на Австралија Опен.

Минатата сезона се повреди, така да дури сега ќе може да го гледаме како дебитира во Мелбурн, а од него очекуваат многу неговите фанови.

Алкараз во „Род Лејвер“ арената го победи Каспер Руд со 2:0 во сетови и со тоа покажа дека е подготвен за првиот гренд слем сезонава.

Видливо е дека ја поправил неговата игра и нема сомнежи дека овде ќе сака да даде максимум од себе за да дојде до поволен резултат.

– Надал ми е идол од детството, но дојде време јас сега да играм за големи трофеи, порача Карлос Алкараз.

Што се однесува до неговиот постар сонародник Рафаел Надал, тој забележа одредена ситна повреда во Бризбејн, па мораше да се откаже со цел да се подготви подобро за Ролан Гарос.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО