Претседателот на кошаркарскиот клуб Црвена Звезда, Небојша Човиќ, откри во медиумите дека трансферот на Понитка прво бил договорен во нивниот табор, за тој подоцна да премине кај ривалите.
Човиќ деновиве интензивно е низ медиумите низ разни изјави за ситуацијата во Црвена Звезда, а во едно од последните обраќања до медиумите е тоа дека имале договор со Матеуш Понитка.
– Душко Ивановиќ прв разговараше со Понитка и се беше договорено, до сите ситни финансиски детали и елементи. Но се случи еден период од 3-4 дена, во кои Душко не успеа да стапи во контакт со Понитка и неговиот менаџер.
Но ќе погодите ли што се случи тогаш? Тој потоа се пресели во Партизан. Кога го загуби Понитка, го зеде Ханга и не би го промениле тоа сега да има шанса да се врати времето, порача Човиќ.