Прва победа за одбојкарките на Јанта Волеј во ЛШ

Женскиот одбојкарски првак на Македонија Јанта Волеј синоќа во првиот натпревар од квалификациите од Лигата на шампионите постигна победа од 3:2 против шампионот на БиХ Гацко. Резултат по сетови: 25-21, 21-25, 25-22, 20-25, 18-16.

Ова беше изедначен натпревар, а победникот беше решен по повеќе од два часа игра.

Тимот на Јанта Волеј во текот на мечот успеваше да дојде до предност од 1:0 и 2:1 во сетови, но противникот успеваше да изедначи.

Во решавачкиот сет повторно имаше голема неизвесност и македонскиот првак го освои сетот со 18:16.

Реванш дуелот се игра на 29.октомври во Требиње.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ

НАЈНОВО