Проклетството врз Хари Кејн е реално – тоа го чувствува сезонава и Баерн Минхен

Баерн Минхен вчера неочекувано беше поразен на домашен терен од екипата на Вердер Бремен со 1:0.

Екипата на Томас Тохел непријатно ги изненади своите навивачи, а по овој пораз сериозно ќе влијае на аспирациите на клубот од Баварија во битката за титулата, бидејки сега сериозно заостануваат зад лидерот Баер Леверкузен.

Леверкузен сезоната со Чаби Алонсо е фантастичен, па доколку Баерн не ги запали моторите и не почне да победува во серија, наскоро Леверкузен ќе биде главен фаворит за титулата.

Иако Хари Кејн има фантастична сезона, има постигнато 26 погодоци во сите натпреварување, а од нив дури 22 се во Бундес лигата, но и покрај тоа, Баерн е доста назад зад лидерот.

Кејн минатото лето пристигна во Германија во трансфер вреден 117 милиони евра, а целта беше да се освои и сезонава титулата во Бундес лигата, но како што оди работата, Кејн повторно и во новиот клуб нема да дојде до голема титула.

„Клетвата врз Кејн е реална и вистинска“, се шегуваат навивачите ширум Европа.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО