Проблем во таборот на Франција пред мечот со Австрија

Фудбалската репрезентација на Франција несомнено е еден од главните фаворити на претстојното ЕП во Германија, но пред почеток на истото, се соочкуваат со проблеми.

„Триколорите“ отвараат против репрезентацијата на Австрија на 17. јуни, а два дена пред тој меч, мака мачат повеќето играчи од тимот со одредена настинка и температура.

Селекторот Дидие Дешамп е еден од оние кои имаат сериозна настинка, а од играчите во овој момент во најлоша ситуација бил Кингсли Коман.

Повеќето од нив имале воспаление на дишните патишта, додека неколку играчи се бореле со грчеви и константна главоболка.

На почетокот на тренинзите го немаше ни капитенот Килиан Мбапе, но се појавил нешто подоцна, па веројатно тој ќе биде подготвен за почетокот на ЕП.

По мечот во Дизелдорф со Австрија, Франција ја очекуваат дуели со Холандија во Лајпциг и со Полска во Дортмунд.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ






НАЈНОВО