На двократната олимписка шампионка и четирикратна светска шампионка на 1.500 метри, Кенијката Фејт Чепнгетич Кипјегон, ѝ беше поништен резултатот од трката на 5.000 метри на Олимписките игри (ОИ) во Париз, но подоцна сепак и беше признат.
Кипјегон беше втора во трката, но беше дисквалификувана поради мешање и туркање со другите учеснички. Судиите на натпреварувањето сметаа дека Кипјегон, наводно, на неспортски начин ја фатила за рака Етиопјанката, Гудаф Цегај на два круга пред целта, но потоа ја сменија одуката.
Резултати од трката на 5.000 метри (жени) 1. Беатрис Чебет (Кенија) 14:28.56. 2. Фејт Чепнгетич Кипјегон (Кенија) 14.29.60. 3. Сифан Хасан (Холандија) 14:30,61 минути.