Пристига уште еден Србин во Брера Струмица

Брера Струмица продолжува да се екипира и да ангажира нови засилувања пред заминувањето за Анталија на подготовките.

Овојпат струмичани се засилија со уште еден српски интернационалец. Станува збор за Урош Стамениќ кој доаѓа во Струмица од ИМТ Белград.

27-годишен кој ги покрива крилните позиции, оваа полусезона за ИМТ одигра 17 натпревари со постигнат еден гол.

Потекнува од школата на Војводина, покрај нив има настапувано и за Пролетер Нови Сад, Борац Чачак и Златибор Чајетина.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ






НАЈНОВО