Предупредување до ФИФА: Играчите би можеле да штрајкуваат!

Светската фудбалска федерација (ФИФА) е предупредена дека играчите се подготвени да штрајкуваат доколку и натаму бидат преоптоварени. Извршниот директор на Асоцијацијата на професионални фудбалери (АПФ), Махета Моланго, верува дека играчите сега се на пресвртна точка!

АПФ повикува на акција за промена на пренатрупаниот фудбалски календар, особено со проширеното клупско Светско првенство (СП) со 32 тима што за прв пат во тој формат ќе се игра следното лето.

АПФ се закани со правна постапка и ги истражува опциите да го стори тоа поради зголемениот број натпревари во календарот.

– Можам да ви кажам една ситуација од пред 10-на дена кога отидов во соблекувална и реков: „Среќен сум што сум овде и ќе лаам малку, но на крајот се’ зависи од вас. До каде би сакале да одите?” рече Моланго.

Моланго, говореше на состанокот на АПФ и на Здружението на светски фудбалери, ФИФПРО за оптоварувањата и за закрепнувањата на играчите на крајот од сезоната.

– Некои од нив рекоа: „Не се издржува, може и да штрајкуваме“. Некои велат: „Која е поентата од сево ова. Да, јас сум милионер, но немам време да ги потрошам парите“.

Во мај беше испратено писмо до ФИФА од ФИФПРО и од Здружението на светски лиги (ЗСЛ) во кое се спомнуваа правна постапка доколку се продолжи со плановите за клупско СП со 32 тима на крајот од следната сезона.

Студијата фокусирана на млади играчи предупредува под колкав стрес се нивните тела и го истакна бројот на минути што ги одиграл Џуд Белингем за Реал Мадрид и за Англија пред да наполни 21 година.

Играчот од средниот ред, кој има само 20 години, одиграл 18.486 минути во кариерата, наспроти 3.929-те на Дејвид Бекам или 6.987-те минути што Френк Лампард ги одиграле на иста возраст.

Претседателот на ФИФПРО за Европа, Дејвид Териер, исто така предупреди дека играчите се „изгорени“, физички и психички. Истражувањето за сезонава покажало дека над 50 отсто од испитаниците изјавиле дека играле иако биле повредени.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ






НАЈНОВО