Виралното видео од натпреварот Англија – Србија (1:0) во првото коло од ЕП предизвика бурна реакција во јавноста. На него се гледа како Киеран Трипиер, десниот бек на Англија, зема шишенце со непозната течност од член на тренерскиот тим.
Тој се насмевнува кога сфаќа дека го привлекол вниманието на гледачите на трибините и нивните дилеми за тоа што има во шишето. Изгледа како да го крие и набргу ја консумира содржината.
Со оглед на тоа што ниту тој, ниту некој од англискиот тим не откри што има во шишенцето, се појавија сомнежи дека станува збор за некаков допинг.
Весникот „Дејли мејл“ откри што има во шишето од кое пиел Трипие, подоцна и Џуд Белингем. Тие конзумирале сок од кисели краставички или некој вид саламура во комбинација со пијалок познат и како „бензинска бомба“.
Поради комбинацијата на состојките како оцет, натриум и калиум, напитокот спречува грчеви во мускулите, што ги погодува фудбалерите при крајот на натпреварите.
Англичаните истакнуваат дека течноста од кисели краставички помага да се спречат грчевите за 40 проценти побрзо од водата. Тие наведуваат дека го користеле и тенисерите на Австралија опен поради сето горенаведено. Се разбира, пијалокот е направен од природни, а не од недозволени состојки.
That’s not Trippier giving himself a sneaky injection is it? Not be a grass, but @wada_ama 👀 pic.twitter.com/gfSQeYGsGg
— Neil Macfarlane (@ByNeilMac) June 16, 2024