„Дебела“ парична казна за Хрватска заради навивачките испади

Хрватскиот фудбалски сојуз (ХНС) не може да биде задоволен од отворањето на Европското првенство (ЕП) во Германија. Покрај тоа што фудбалерите загубија со 0:3 од Шпанија, ХНС доби и голема казна за непримерното однесување на дел од навивачите.

Беше објавено дека ХНС е казнет со 63.875 евра за фрлање пластични чаши од навивачите, плус 24.000 евра за палење факели или вкупно 87.875 евра.

– Денеска добивме „честитка“ од УЕФА за непримерото однесување на некои навивачи. Фудбалот предизвикува емоции кои тешко се контролираат, но најважно е што немаше поголеми инциденти.

Фрлањето чаши и факели засега се најголемиот проблем. Во Хамбург врне, па како што велат, мора малку да се навлажни , изјави шефот за безбедност, Јурица Јурјевиќ

ХНС ќе побара образложение на одлуката на УЕФА, по што ќе биде донесена одлука за евентуална жалба.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО