Познатиот новинар ја признава грешката: Се сомневав во Артета, но по некои работи..

Познатиот британски новинар и голем симпатизер на Арсенал, Пирс Морган, признава дека повеќе не се сомнева во квалитетите на Микел Артета.

Арсенал сезонава изгледа уште посамоуверено од минатото и игра одлично, а во последното коло го декласираа составот на Шефилд Јунајтед со 6:0.

Токму поради континуитетот на одличните натпревари, Пирс Морган истакна дека повеќе не се сомнева во тренерот на „топчиите“.

– Се сомневав во Артета, во неговата одлука Рамсдејл да биде заменет со голманот Раја. Се сомневав и во одлуката на Артета да му верува на Хаверц, а тој беше во право. Се сомневав и во неговото противење во јануари да купи напаѓач, а тој и за тоа беше во право. Сега можам да кажам дека моите сомнежи околу неговите одлуки веќе ги нема, порача Морган на Твитер.

Се повеќе оптимисти постојат околу Арсенал, тоа не е оној Арсенал од пред десетина години, кои апатично гледа кон натпреварите кои ги играат на повеќе фронтови.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО