Познати сите полуфиналисти на Африканскиот куп на нации

Одредени се двата полуфинални пара за Африканскиот куп на нации.

Египет е последниот полуфиналист, откако синоќа во четвртфиналето, тие го победија Брегот на Слоновата Коска (3:2) и сега ќе играат против Сенегал за место во финалето.

Другиот пар ќе ги сочинуваат Нигерија и Мароко. И двата натпревари ќе се играат на 14 јануари.

Африканскиот куп на нации се игра од 21 декември 2025 година до 18 јануари 2026 година во Мароко.

Последен освојувач на трофејот е Брегот на Слоновата Коска во 2024 година.

Фото: ЕПА

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ


НАЈНОВО