Познати се сите 12 учесници во ракомет на ОИ во Париз

Унгарија е последната селекција што стигна до билет за машкиот ракометен  турнир на Олимписките Игри во Париз, откако Унгарците го добија клучниот меч против Португалија со резултат 30-27.

Веќе се познати и сите 12 учесници на ракометниот турнир во машка конкуренција на претстојните ОИ, листата ја предводи домаќинот Франција, потоа Данска, Хрватска, Аргентина, Египет, Германија, Словенија, Унгарија, Јапонија, Норвешка, Шпанија и Шведска.

Европа ќе има девет од дванаесетте селекции-учеснички за петти пат во историјата, првпат по 2012 година.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО