Познати се можните четвртфинални мечеви во ФА купот – големо дерби во најава!

Сè уште не се одиграни сите осминафинални натпревари од ФА Купот, а штотуку беше извршена ждрепката за четвртфиналето.

Во најавата има можен спектакл. Доколку Манчестер Јунајтед вечерва слави во Нотингем, а Ливерпул на „Енфилд“ биде подобар од Саутемптон, во следното коло на „Олд Трафорд“ ќе се сретнат двата најтрофејни англиски клуба.

Еве ги двојките:

Нотингем Форест / Манчестер Јунајтед – Ливерпул / Саутемптон

Челси / Лидс Јунајтед – Лестер Сити

Манчестер Сити – Њукасл

Вулвс/Брајтон – Ковентри Сити

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО