Познати противниците на Македонија во квалификациите за ЕП жени, до 19 и 17 години

Во Нион, седиштето на УЕФА, денеска се одржа ждрепката за составот на квалификациските групи за пласман на Европско првенство (ЕП) за жени, до 17 и 19 години.

Финалниот турнир на ЕП до 19 години ќе се одржи во Полска 2025 година, а домаќин на завршницата на ЕП до 17 години, ќе бидат Фарски Острови.

Македонија (до 19) се наоѓа во А лигата, група 2, заедно со Франција, Словачка и Португалија. Мини-турнирот ќе се одржи од 27 ноември до 3 декември годинава во Португалија.

Македонија (до 17) е во од Б лигата, група 3, каде што противници ќе и бидат Унгарија, Литванија и Андора. Мини-турнирот ќе се одигра од 1 до 9 ноември во Унгарија.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ






НАЈНОВО