Познатиот српски кошаркарски судија Урош Николиќ е уапсен во Белград во голема меѓународна полициска операција.
Тој се сомничи за поврзаност со организирана криминална група која е осомничена за тешки кривични дела. Министерот за полиција, Ивица Дачиќ, потврди дека во станот на Николиќ биле пронајдени 250.000 евра, златни прачки и часовници, што упатува на можна финансиска поддршка на криминалната група.
Николиќ е на списокот на судии за Евролигата, АБА лигата и Кошаркарската лига на Србија. Тој треба да биде сослушан во Јавното обвинителство за организиран криминал.