Тренерот на Тотенхем, Ангелос Постекоглу, откри дека дефанзивецот Бен Дејвис и напаѓачот Тимо Вернер ќе го пропуштат остатокот од сезоната 2023/24 поради повреди.
– За жал, имавме неколку проблеми на последниот натпревар. Вернер има проблем со тетивата и ќе го пропушти остатокот од сезоната. Очигледно, остануваат само три недели до крајот на сезоната и тој нема да се врати, изјави Постекоглу на официјалната интернет-страница на Тотенхем.
Постекоглу потврдил дека сезоната е завршена и за Бен Дејвис, откако се повреди на натпреварот со Арсенал. Тотенхем е на петтото место на табелата во англискиот шампионат, и по 33 натпревари има освоено 60 поени.