Постекоглу: Педро и Ричарлисон се подготвени, со нетрпение го очекуваме натпреварот со Арсенал

Менаџерот на Тотенхем, Анге Постекоглу изјави дека Бразилецот Ричарлисон имал шанса да се опорави од повредата во последните две недели и ќе биде на располагање за неделното дерби во Премиер лигата против Арсенал.

Ричарлисон ги пропушти последните два натпревари на тимот поради повреда на коленото, а неговото враќање е добра вест по повредата на Дестини Удоџи, која ќе го пропушти остатокот од сезоната.

„Тоа е разочарувачки за нас и за Дестини. Тој имаше толку добра година.

Педро и Ричарлисон тренираат цела недела, па се на располагање“, додаде менаџерот на Тотенхем.

-Необично е да немате натпревари, особено кога играат други, рече Постекоглу, чиј тим го одигра претходниот натпревар на 13 април.

-Се обидовме да го искористиме ова време што е можно подобро. Трениравме многу сериозно. Дефинитивно се радуваме на нашиот следен натпревар, тоа е сигурно, додаде Постекоглу.

-Секој натпревар е шанса да покажеме што можеме. Јас имам јасна претстава каде сме и каков е нашиот напредок и што треба да направиме повеќе. Во овој момент секој тим сака да игра за нешто, па затоа ние со нетрпение ги очекуваме претстојните натпревари. Ја разбираме важноста на натпреварот со Арсенал и важноста да бидеме домаќини на едно вакво дерби, заклучи Постекоглу.

Екипата на Тотенхем го зазема петтото место на табелата со 60 бодови од 32 одиграни натпревари, додека Арсенал води со 77 бодови од 34 натпревари.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ






НАЈНОВО