Порзингис се враќа да ги „докусури“ Далас во финалето

Кошаркарот на Бостон Селтикс, Кристапс Порзингис, би можел да биде подготвен за четвртиот мел против Далас Маверикс, можеби во одлучувачкиот меч за титулата од финалната серија.

Порзингис го мачи повреда на зглобот, поради што мораше да го пропушти третиот натпревар од серијата, па сега веројатно ќе им биде од помош на своите колеги.

Тој во завршницата од третата четвртина го повреди зглобот по доскокот во дуелот со противничкиот играч Џеј Вашингтон. Иако првите прогнози зборуваа за тоа дека станува збор за гоелма повреда, сепак најавите и не се така страшни.

– Постои шанса Порзингис да заигра во четвртиот натпревар, порача Шамс Чарани, новинарот на реномираниот Атлетик.

Бостон има шанса во четвртиот натпревар да ги „проветри“ Далас и да дојде до 18. титула, или прва од 2008 година, кога тие последен пат беа шампиони.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ






НАЈНОВО