Порто со победа над Бенфика влезе во Плејоф

Португалскиот Плејоф што годинава се игра по уникатен систем почна со дуел меѓу екипите каде што играат македонските интернационалци. Порто со Никола Митревски и Бенфика со Филип Талески. Другите два учесника во Полејфот се екипите на Спортинг и Брага.
Порто со победа од 36-32 ја отвори финалната фаза од првенството. Никола Митревски беше стрелец на два гола за својата екипа, додека Филип Талески постигна три гола за Бенфика.
Во Португалија се игра по посебно дизајниран систем, па сега на табелата со четирите екипи на првото место е Спортинг со 33 бода, Порто има 32 бода и меч повеќе, Бенфика има 30 и меч повеќе, а Брага има 25 бода.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО